Со два гола уште на Автокоманда, Силекс си летна кон четвртфинале (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со два гола во последниот половина час и триумф од 0-2 на гостувањето против Скопје во Автокоманда, кратовски Силекс уште по првиот дуел си го трасира патот кон четвртфиналето во Купот на Македонија.

Првиот осминафинален дуел кратовци го добија со головите на Дарко Алексовски во 66. минута и Алпај Јусуф во 85. минута. Па, за избраниците на Жикица Тасевски реванш дуелот во Кратово на 10. октомври ќе биде само формалност…

 

Се вчитува...