Фудбалерите на Пелистер ремизираа (2-2) на пријателскиот натпревар против српскиот прволигаш Јагодина кој се одигра во Охрид.
Избраниците на Димитар Капинковски имаа негатива од 0-2 се до 81. минута против српскиот тим.
Од 60. минута играа и со играч помалку, но на крајот „пелистерци“ со два гола стигнаа до 2-2. Најпрво во 81. минута од пенал погоди Николовски, а потоа во 85. минута стрелаше и Христијан Драгарски за конечни 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА