Со гол во финишот Рајо и Столе славеа триумф над Елче (ВИДЕО)

Рајо Валјекано со гол во финишот обезбеди триумф над Елче на домашен терен во рамки на последниот натпревар од 7-то коло во шпанската Ла Лига (2-1).

Натпреварот го отворија гостите, откако Лукас Боје во 32. минута најдобро се снајде во шеснаесетникот на нашиот Столе Димитриески, успевајќи да го совлада за водство од 0-1. До крајот на полувремето домаќините постојано притискаа, а таквиот пристап кон играта им се исплати во 40. минута, кога Серхио Камело изедначи на 1-1, резултат со кој се отиде на пауза.

Во вториот дел Рајо ја презеде во целост контролата на натпреварот, постојано креираа акции и шанси за гол, но без реализација. Тимот од Мадрид успеа да го скрши отпорот на последно пласираниот Елче дури во последните секунди од мечот, кога Унаи Лопез во 90+6. минута постигна перфектен гол за ерупција на трибините и нови три бода на контото во Ла Лига.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...