„Со Гризман на теренот, Барса има 10 играчи“

Христо Стоичков, како човек кој е многу ценет во Барселона, имаше што да каже за играта на каталонскиот тим, а тој особено направи анализа за еден фудбалер на Роналд Куман.

Стоичков воопшто немаше пофални зборови за Антоан Гризман, па неговата изјава го привлече вниманието на фудбалската јавност.

“Секогаш кога Гризман е на теренот, Барселона игра како да има десет играчи. Ако сакаат да направат нешто на долг рок, тогаш мора да го продадат. Што прави Гризман таму? Тринкао и Брајтрајт треба да бидат во тимот”, заклучи Стоичков .

Гризман постигна 12 гола оваа сезона, но треба да зборуваме за неговата недоследност, има подеми и падови, што не треба да биде случај кога станува збор за играч на кој му се даваат милионски суми.

Последниот гол на Гризман беше на 3 февруари и оттогаш тој одигра десет натпревари без никаков придонес за тимот од Каталонија.

Се вчитува...