Со Халкбанк и ЕКИПА до бесплатен термин за фудбал во СЦ Форца!

ПРИЈАВИ СЕ НА НАШАТА FACEBOOK СТРАНИЦА И ОСВОЈ ВАУЧЕР ЗА ФУДБАЛ! – Да ги заживееме спортските активности, без размислување, веднаш кога ќе се создадат услови за тоа!

Љубителите на спортот најдобро знаат колкава е жртвата, кога присилно се откажуваш од својата омилена пасија во услови на карантин. Нема спортски обложувалници, нема спортски натпревари, но нема ниту можност за спорт и рекреација со добро друштво, па дури ни на отворено.

Пандемијата предизвикана од коронавирусот несомнено погоди голем број од трговците, особено оние кои живеат од своите посетители клиенти.

И Спортскиот центар „Форца“, кој инаку е прв и уникатен бренд во Скопје кој нуди комплетни услуги за спорт, рекреација и релаксација, мораше да престане со својата работа, па рекреативците не беа во можност да го посетат овој спортски центар, ниту да закажуваат термини за некој од спортовите што ги нуди. А, „Форца“ нуди комплетни услуги за рекреација и релаксација и располага со спортска сала, фудбалско игралиште на вештачка трева, две тениски игралишта, одбојкарското игралиште на песок, детско игралиште, но и Healthy Corner со Lounge Bar, каде посетителите можат истовремено да се рекреираат, но и да уживаат во пријатната атмосфера и врвна услуга.

Но, тоа го оставаме кога СЦ „Форца“ повторно ќе почне со работа, а ние искрено се надеваме дека тоа ќе биде многу брзо.

Од друга страна, Халкбанк како општествено одговорна компанија, преку серија активности веќе извесен период ги поддржува бизнисите чија дејност не дозволуваше работа во вонредни услови.

Па, ЕКИПА.МК, заедно со Халкбанк и „Форца“, чувствувајќи обврска веднаш да ги заживеат спортските активности кога условите ќе го дозволат тоа одлучи на пет наши верни читатели да доделиме термин за фудбал кој може да се искористи по отворањето на спортскиот центар „Форца“.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ?

  1. Заследете ја страницата на Екипа.мк на Facebook,
  2. Споделете ја јавно на вашиот профил со #ВажниСеЛуѓето и тагнете ги @Halkbank AD Skopje, @Ekipa.mk и @FORZA Sport Center
  3. Во коментар на нашата објава тагнете ги другарите со кои едвај чекате да го искористите терминот за фудбал

Ние по случаен избор ќе одбереме пет добитници на наградата, кои ги исполнуваат критериумите, и ќе ги објавиме на нашата веб-страница и на нашата официјална Facebook страница, утре на 22.мај во 14 часот.

Да помогнеме и да ги поддржиме малите бизниси чија дејност не дозволуваше работа во вонредни услови!

Се вчитува...