Со хет-трик на Захави, Израел ја растури Австрија (ВИДЕО)

Репрезентација на Израел славеше убедливо против Австрија со 4-2 во 2. коло од Групата Г во квалификациите за ЕП 2020.

Во нашата квалификациска група, Израелците стигнаа до првата победата сосема заслужено триумфирајќи против Австријците благодарение на хет-трикот на Захави (34., 44. и 55. минута) а еден гол постигна и Дабур во 66. минута. За Австрија двата погодоци ги постигна Арнаутовиќ во 7. и во 75. минута.

За Австрија ова е и втор пораз на стартот од квалификациите откако во првото коло на домашен терен загуби од Полска со 0-1.

Се вчитува...