Со Леброн освои две титули, но за него GOAT е Џордан: Луѓето имаа страв од него…

Поранешниот соиграч на Леброн Џејмс, Марио Чалмерс кој заедно со „Кралот“ стигна до две шампионски титули во НБА лигата се вклучи во дебатата за најдобар кошаркар на сите времиња.

И покрај тоа што ја делеше соблекувалната со Џејмс, за Чарлмер најдобар на сите времиња е Мајкл Џордан.

„Видете, поминав 10 години во лигата, играв за два тима и играв против 450 различни кошаркари. Кога зборите со играчи, без разлика дали играле пред мене во лигата или по мене, сите ќе ви го кажат истото. 

Од Џордан имаа страв. Го нарекуваа „Црниот Исус“, го нарекуваа „Црн пантер“. Има посебно чувство кога играш против Џордан. Не е така со Леброн“, изјави Чалмерс.

Се вчитува...