Со „луда-специјалка“ против Харден: Вориорс не го оставија да дише… (ВИДЕО)

Голден стејт крајно изненадувачи победи против Хјустон во синоќешниот натпревар од НБА лигата. И сето тоа благодарение само на „лудата“ специјална одбрана против првиот стрелец во лигата, Џејмс Харден.

Вориорс го удвојуваа на секој начин, а Дрејмонд Грин беше еден од оние кои постојано го бркаа по терен. Тренерот на Вориорс, Стив Кер подготви навистина повеќе од извонредна одбрана за Харден.

„Џејмс ги натера сите тимови да проучуваат посебни начини за одбрана од него. Тој е толку добар што мораше да дадеш се од себе за да го запреш. И пак нема да успееш“ – истакна по мечот Стив Кер.

 

Се вчитува...