„Со Ноле не можете да имате ист однос, како со Рафа и Роџер“

Поранешниот француски тенисер, Фабрис Санторо направи интересна споредба меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал и Роџер Федерер. Тој ги пофали Роџер и Рафа и времето поминато со нив на егзибициските мечеви вечно ќе ги памети.

„Имам одлични спомени со нив двајца. На двајцата им бев капитен на егзибицискиот турнир и среќен сум поради тоа. Тоа се две извонредни момчиња какви што веќе сигурно нема да видиме. Новак исто така е неверојатно пристоен, но не сака толку да биде близок со капитенот. Со него не може да имате ист однос како со Рафа и Роџер, но јас го сакам и него, само на друг начин“, изјави Санторо. 

Фабрис Санторо во кариерата освои шест АТП трофеи, а остана запомнат по неверојатната техника и удари по кои го доби прекарот „Магионичар“.

Се вчитува...