Со Охрид нема шега – се создава тим за плеј-оф

Охрид е најактивен тим во досегашниот дел од летото на кошаркарскиот пазар, откако овој клуб успеа да договори неколку одлични трансфери. Охриѓани со новите играчи, како и со новиот тренер Марјан Илиевски, сериозно се наметнуваат како кандидати за место во Супер-лигата, но и за атак на пласман во плеј-офот, што би бил историски успех за овој клуб.

Само неколку дена откако беше официјализиран трансферот на Данило Мијатовиќ од Блокотехна, Охрид договори уште двајца кошаркари од овој клуб. Станува збор за плејмејкерот Младеновиќ, како и за „специјалистот за одбрана“ Војче Лефкоски, кои ќе му се приклучат на тренерот Илиевски по беспрекорната соработка во текот на минатата сезона.

Ангажирани се уште двајца квалитетни домашни кошаркари, и тоа Адем Мекиќ и Игор Пенов, и двајцата ланската сезона ја минаа во дресот на Куманово, но сега „во пакет“ ќе се преселат во Охрид.

Со оглед на фактот дека охриѓани имаат простор за ангажман на уште тројца странски играчи, јасно е дека овој ростер ќе биде сериозно конкурентен.

Се вчитува...