Со првите натпревари и синоќешното свечено отворање стартуваше престижниот „Илинден Куп 2026“! (ФОТО/ ВИДЕО)

Сo првите натпревари одиграни вчера на терените во Марино, Кадино и општина Илинден, но и со синоќешното свечено отворање, стартуваше еден од најквалитетните и најмасовните турнири за деца во Југоисточна Европа, кој првпат оваа година, според Асоцијацијата на фудбалски турнири (АФТ) е категоризиран како еден од четирите најдобри елитни турнири во земјите од поранешна Југославија – „Илинден куп 2026“!

Вкупно 222 екипи од 13 земји од Европа, и повеќе од 2.500 деца на возраст од 7 до 12 години, од 10 до 13 септември се натпреваруваат за вкупно 18 трофеи кои ќе бидат доделени за најдобрите на четвртото издание на турнирот кој се игра во шест возрасни категории – генерации 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019 година.

На турнирот кој е во организација на Фудбалската школа Грозданоски од Скопје, а под покровителство на Општина Илинден, учествуваат клубови од Македонија, Белгија, Србија, Хрватска, Германија, Швајцарија, Шведска, БиХ, Црна Гора, Турција, Бугарија, Романија, С.Кипар…., меѓу кои и гиганти како Андерлехт, Црвена Звезда, Динамо Загреб, Партизан, Аланијаспор, Војводина…, заедно и со буквално сите најдобри домашни клубови како Вардар, Шкендија, Работнички, Брегалница, Пелистер, Беласица…., но и од сите најдобри фудбалски школи од Македонија.

По првите натпревари од групната фаза, на терените во Марино синоќа и свечено беше отворено четвртото издание на турнирот кое го отвори градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски.

„Илинден куп 2026“ продолжува и денеска со натпреварите од групната фаза, а за утре се закажани елиминациските и финалните натпревари.

 

Се вчитува...