Со рецептот „Луис Суарез“: Атлетико Мадрид тргна по Левандовски

Роберт Левандовски беше главен адут на Барса од првиот ден по доаѓањето од Баерн, но тоа повеќе не е случај, полскиот ас голем дел од мечевите ги стартува на клупата, а клупските директори веќе му ставиле до знаење дека актуелниот договор што му истекува на крајот од оваа сезона нема да биде продолжен.

Јасно е дека Полјакот ќе нема проблеми да најде нов клуб, во трката се вклучија неколку клубови од САД и од Саудиска Арабија, потоа италијанскиот гигант Милан, но последните информации говорат деека Левандовски би можел да остане во Ла Лига и да го облече дресот на лутиот ривал Атлетико Мадрид.

Мадридскиот клуб претходно на идентичен начин го ангажираше Луис Суарез кон кого челниците на Барса исто така покажаа огромно непочiтување, за на крајот Уругваецот веќе во наредната сезона да го предводи Атлетико до титулата во Ла Лига. Челниците на овој клуб се оптимисти дека истиот рецепт може да им успее и во случајот на Левандовски, па веќе се остварени и првите контакти со агентите на овој извонреден голгетер.

Левандовски засега не планира конкретни преговори со ниту еден од заинтересираните клубови, но Полјакот на почетокот од 2026, штом влезе во последните шест месеци од договорот со Барса ќе има можност не само конкретно да преговара, туку и да потпише преддоговор што ќе се активира во јули 2026 годиа.

Атлетико дефинитивно е сериозна опција, па интересно ќе биде да се види каде ќе заврши големиот ас по заминувањето од каталонскиот гигант.

Се вчитува...