Со трилер погодок Богдановиќ го урна Хјустон (ВИДЕО)

Бојан Богдановиќ погоди за три поени од исклучително тешка позиција, покриен од двајца играчи и и донесе тирумф на Јута во дерби пресметката на Западната конференција со Хјустон со 113-112. Џејмс Харден имаше трипл-дабл од 28 поени, 10 скока и 10 асистенции, а Ресел Вестбрук постигна 39 поени, но тоа не беше доволно за успех на Хјустон над Јута во чии редови Џордан Кларксон беше прв стрелец со 30 поени, Донован Мичел постигна 25, но херој беше Богдановиќ со поените постигнати буквално на една секунда до крајот.

Јута се врати во победнички ритам, врза две победи откако имаше особено лоша серија од пет последовни порази. „Џезерите“ имат вкупен биланс од 34 победи и 18 порази што е доволно за четвртото место на Запад, Хјустон со ефект од 33-20 е шестопласиран во Конференцијата.

Фуркан Коркмаз врза да натпревари со 30 плус поени. Во третата сезона во НБА лигата, младиот турски кошаркар игра одлично, уфрли 31 поен во победата на Филаделфија над Чикаго од 118-111. Коркмаз беше подобар од првата ѕвезда на Филаделфија, Бен Симонс кој дуелот го заврши со 28 поени. За Филаделфија ова е 33 победа сезонава, има 21 пораз и е на петтата позиција на Исток. Чикаго е надвор од позициите за плеј-оф на 10-то место.

Драматичен натпревар одиграа екипите од дното на Источната конференција, Атланта и Њујорк. „Хоукс“ славеа по дури две продолженија со 140-135, а неверојатниот Тре Јанг постигна 48 поени, имаше и 13 скока. Кај „никс“, Џулиус Рендл имаше 35 поени и 18 скока.

Џа Морант го забележа првиот трипл-дабл во кариетата. Постигна 29 поени, 10 скока и уште 10 асистенции во победата на Мемфис над Вашингтон од 99-106. Бил Бредли со 26 побеи беше најефикасен во поразениот тим.

Демијан Лилард имаше нова ефикасна партија. Постигна 33 поени за Портланд кој славеше ос 115-105 над Мајами во чии редови Горан Драгиќ беше прв стрелец со 27 поени.

 

 

 

Се вчитува...