Со вас сме и во победи и во порази (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Фрибург, Швајцарија

Стеван Цаневски

Навивачите им дадоа максимална поддршка на кошаркарите во текот на целиот натпревар, но и тоа беше недоволно за да се совлада Швајцарија во Фрибург. Сепак, дружбата продолжи надвор од салата, каде триесетина фанови трпеливо чекаа репрезентативците да излезат за фотографија за спомен со нив.

„Со вас сме и во победи и во порази. Да живее Македонија“ – порачаа навивачите на разделба од репрезентативците.

Се вчитува...