Собол: Тренерите знаат како треба да играме против Македонија

Украина е противник на Македонија на вториот натпревар на Европското првенство. Дефанзивецот на Украинците, Едуард Собол вели дека се уште не ја анализирале доволно Македонија, но дека тренерите веќе ги имаат запознаено со играта на нашиот тим.

„Македонија? Мала анализа ни беше претстваена од тренерскиот кадар. Тие ни кажаа како треба да одиграме против Македонија, бидејќи ни ги покажаа нивните најдобри страни, но и нивните маани. Теоријата треба само да ја пренесеме на теренот и да стигнеме до трите бода“, вели Собол. 

За потсетување натпреварот од второто коло од Европското првенство меѓу Македонија и Украина ќе се игра в четврток на Националната арена во Букурешт со почеток во 15 часот.

Се вчитува...