Соборен првиот рекорд на ЛОИ во Токио

Јужнокорејката Ан Сан го урна олимпискиот рекорд во стреличарство стар 25 години. Ан Сан олимпискиот рекорд го урна веќе во квалфикациската рунда. Оствари 680 поени во квалификациите и со тоа успеа да го урне рекордот за седум поени.

Лина Херасименко од Украина го држеше рекордот со 673 поени кој го постави уште во 1996 година. Интересно е тоа што дури четири натпреварувачки имаа подобар резултат од тој на Херасименко.

Јанг Мин имаше 677 поени, Канг Чејанг 675 и Алехандра Валенсија 674.

Се вчитува...