Собрание на РФМ: Две клучни точки на дневниот ред

Собранието на Ракометната Федерација на Македонија ќе се одржи денеска во хотелот „Александар Палас“, каде се очекува актуелниот претседател Живко Мукаетов да добие нов четиригодишен мандат и да продолжи да раководи со мак-ракометот и во наредниот период. Вториот мандат на Мукаетов истекува, но меѓу делегатите нема никаков сомнеж дека успешниот бизнисмен се уште е вистински избор за предводник на „куќата на ракометот“.

Впрочем, Мукатеов ги собра потписите за кандидатура на сите клубови и здруженија со право на глас на ова собрание, доволен доказ дека тој со акламација ќе добие нов мандат.

Значајна дискусија се очекува под точката разно, на која ќе се дискутира за ситемот за натпреварување за сезоната 2021/22. РФМ при проширувањето на лигата за оваа сезона ги потенцираше „правилата за игра“, според кои сезонава од елитното друштво ќе испаднат шест екипи, а од почеток на новата сезона ќе се вклучат и СЕХА-лигашите Вардар и Еурофарм Пелистер. Сепак, дел од клубовите (пред се оние кои ги очекува плејаут-битка“) ќе поднесат предлог за останување на истиот систем на натпреварување како и оваа сезона, со испаѓање на два тима и вклучување на двата најдобри тима дури во плејофот.

Ова само по себе е проблем пред се поради фактот дека систем за натпреварување мора да биде променет една година (освен во вонредни услови, како што беше минатото лето поради коронавирусот), па останува да се види дали оваа иницијатива ќе биде прифатена или одбиена.

Се вчитува...