Соиграч на Адеми и Ристовски: Поради ковид не можев да дишам, седум дена бев на кислородна поддршка

Во последниот натпревар на Динамо Загреб против Локомотива, во составот на „модрите“ по подолга пауза играше Лука Менало. Тој заигра првпат после 29. март кога настапи за репрезентацијата на БИХ по што следеше долга пауза поради проблеми со ковид-19.

БИХ на тој меч со Луксембург имаше големи проблеми со составувањето на тимот поради вирус, а најлошо минал токму Менало кој завршил на кислородна поддршка.

„Бев со репрезентацијата на БИХ и таму не фати некоја вирус. Сите бевме болни, а мене многу ме болеа белите дробови. Мислам дека ме „пукна“ тој вирус, затоа што сите бевме негативни на коронавирус. Кога влегов со Луксембург, не можев да се движам. Не можев да земам воздух“, рече Менало.

Потоа Менало се враќал кон Загреб, по што повторно му станало лошо.

„Додека се возев со автомобилот до Загреб беше добро. Кога заминав на спиење, не можев да дишам, не можев ништо да направам. Веднаш заминав во болница и мислев дека ќе ми дадат лек, но кога ми ги снимија белите дробови видоа дека имам ковид белези. Ми се направи и некој меур на белите дробови и тој пукна. Воздухот од белите дробови излегувал во тој простор меѓу срцето и белите дробови, и затоа не можев да дишам. Седум денови бев во болница на кислород, неверојатно. Кога имав корона траеше еден ден. Имав температура, и тоа беше тоа. А сега гледајте што ми се случи“, рече Менало кој дополни дека сето тоа што му се случувало биле симтпоми поради коронавирусот.

 

Се вчитува...