Соиграч на Барди потпиша со Леванте на „бесконечно“

Шпанскиот фудбалер Хосе Луис Гарсија Ваја, или познат како Пепелу, потпиша договор со Леванте на 10 години. Не е честа ситуација играчите да потпишуваат вакви договори, а посебно ако се знае дека играчот има опција да оди без обесштетување доколку Леванте испадне, како што е во оваа ситуација.

И испаѓањето од Лигата, на соиграчот на Енис Барди не му сметаше да се обврзе на уште една деценија верност кон својот клуб. Во овој клуб Пепелу стигна на 13 години, и натаму е верен на својот тим.

За неговиот потпис на една деценија, Леванте му подготви дрес со знак на „бесконечност“.

Се вчитува...