Соиграч на Елмас ја заработи најбизарната суспензија во историјата на фудбалот

Фудбалерот на Наполи, Џанлука Гаетано казнет е со два натпревари забрана за настап од страна на Фудбалскиот сојуз на Италија. А причината за суспензијата е една од најбизарните во историјата на фудбалската игра. Гаетано е суспендиран поради шега.

Гаетано минатата сезона ја мина на позајмица во Кремонезе кој се бореше за промоција во Серија А. Пред натпревар со Комо, Гаетано на својот пријател Виторио Паригини му испратил порака преку ВотсАп со содржина: „Ќе ни ги подарите ли трите бода во петок?“.

Но, не ни насетувал дека пораката ќе му донесе суспензија, но и парична казна. Покрај два натпревари забрана за настап доби и казна од 4.500 евра. Сето тоа до Фудбалскиот сојуз на Италија го пријавил токму Паригини на кого очигледно шегата не му се допаднала, и го пријавил сето тоа во ФСИ за да се заштити самиот себе.

Поради ова казна доби и Кремонезе во висина од 5.000 евра. Што се однесува до мечот кој на Гаетано му донесе суспензија, заврши со победа на Кремонезе од 2-1 и овој тим до крај на минатосезонското првенство успеа да се избори за Серија А.

Се вчитува...