Соиграч на Ристовски пред трансфер во Ајакс

Соиграчот на доскорешниот македонски репрезентативен капитен Стефан Ристовски од редовите на Динамо Загреб, Јосип Шутало се наоѓа пред трансфер во Ајакс.

Според холандските медиуми најтрофејните тимови од Холандија и Хрватска ги договориле сите услови за трансфер и истиот се очекува да биде официјалиран наскоро. Трансферот ќе го чини клубот од Амстердам околку 25 милиони евра и тоа ќе биде еден од најскапите трансфери во историјата на „модрите“.

Шутало ова лето беше трансфер цел и на италијанските прволигаши Фиорентина и Наполи, но пресуди поголемата понуда на Ајакс која ги исполни условите на клубот од главниот град на Хрватска.

Се вчитува...