Соиграч на Талески среде натпревар ја запроси девојката (видео)

Победата на Рајн-Некар Левен над Лемго беше сосема очекувана, а најголемото изненадување за сите во салата го приреди Ларс Менсах Ларсен.

Данскиот ас со помош на официјалниот спикер ја повика својата долгогодишна девојка долу на теренот, каде клекна на една нога и ја побара за жена. Секако, пред цела екипа и илјадници фанови на трибините девојката не можеше да каже „Не“, по што следеа и првите честитки, токму од Филип Талески и останатите ракометари на „лавовите“ од Манхајм.

 

Се вчитува...