Поранешниот македонски репрезентативец Александар Костоски е уште едно засилување за новиот амбициозен суперлигаш Соколи 1933 од Штип.
„Искусен плејмејкер кој носи лидерство, победнички менталитет и врвен преглед на играта е наше вистинско засилување“ – соопштија од штипскиот клуб.
На Евробаскет 2015 беше најефикасен во македонскиот национален тим со 49 поени на пет натпревари, а во богатата кариера настапуваше за бројни клубови во Македонија, Франција и Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
