Екипата на Соколи од Штип чека официјално да добие билет за влез во Супер-лигата, но во меѓувреме штипјани работат на создавање на квалитетен ростер со кој достојно би се претставиле во елитното друштво.
Ангажманот на екс-селекторот Марјан Србиновски е идеален потег, а веќе почнаа и потписите со првите засилувања. Во текот на вчерашниот ден беа официјализирани Александровски како и екс-репрезентативеците Костоски и Ивица Димчевски.
Сега, пак, ново име кај штипјани е Хусеин Бајрам.
„Нашиот тим добива нова енергија со доаѓањето на Хусеин Бајрам кој во 2023 година беше најдобриот стрелец на Вардар. Младиот поранешен капитен на Вардар носи борбеност, брзина и дополнителен квалитет за нашиот тим“ – порачуваат од Соколи 1933.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
