Соколи со ново засилување – И Димчевски се сели во Штип

Екипата на Соколи од Штип чека официјално да добие билет за влез во Супер-лигата, но во меѓувреме штипјани работат на создавање на квалитетен ростер со кој достојно би се претставиле во елитното друштво.

Ангажманот на екс-селекторот Марјан Србиновски е идеален потег, а веќе почнаа и потписите со првите засилувања. Во текот на вчерашниот ден беа официјализирани Александровски и екс-репрезентативецот Костоски, а денеска потпис со штипјани стави уште еден искусен кошаркар, Ивица Димчевски.

Крилниот играч ги мина последните 18 месеци во дресот на Маџари, најпрвин помагајќи тој да влезе во елитата, а потоа и беше значаен адут во сезоната за паметење во која Маџари стигна до големото финале во плејофот.

„Со големо задоволство го претставуваме нашето ново засилување – Ивица Димчевски!

Искусниот бек и поранешен македонски репрезентативец, освојувач на Купот на Македонија, носи квалитет, сигурност и богато прволигашко искуство во нашиот тим. Добредојде во семејство Ивица“, објави КК Соколи.

Се вчитува...