„Соколите“ ја надлетаа Цибона

Кошаркарите на Карпош Соколи ја остварија шестата победа во АБА – лигата оваа сезона, победувајќи ја ’славната’ Цибона на домашен терен со 76-70. Во еден драматичен и крајно неизвесен натпревар до самиот крај, „соколите“ покажаа голема желба за победа и фанатична борбеност и успеаја да стигнат до многу важен триумф во борбата за опстанок.

sokoli - cibona 2

Цибона ја доби првата четвртина со два поени предност (15-17), а со идентична позитива замина и на одмор (33-35). Но, третиот и четвртиот период им припаднаа на домашните кошаркари, па на крајот Карпош Соколи славеше со 76-70.

Пери со 20 поени и Трајковски со 19 поени беа предводници во таборот на „соколите“, додека кај Цибона, Сулејмановиќ беше стрелец на 15, а Лука Жориќ постигна 14 кошеви.

Се вчитува...