„Соколите“ на итен состанок: АБА и одбрана на честа – на дневен ред

Македонскиот кошарарски прволигаш, Карпош Соколи, ја извести јавноста дека вечерва ќе се одржи итен состанок на раководството на клубот, на кој ќе се разгледува новонастанатата ситуација со АБА – лигата. Соопштението на „соколите“ го објавуваме во целост:

Првите луѓе на актуелниот македонски вицешампион, екипата на Карпош Соколи, вечерва ќе одржат итен состанок на кој ќе се разгледа новонастанатата ситуација со АБА-лигата, која почна се нејасното отстранување на нашиот тим од регионалното натпреварување, а продолжи по двете интервјуа на претседателот на клубот, Огнен Дедиќ.

Зборовите на Дедиќ буквално го „запалија“ Балканот, а клупскиот и неговиот личен телефон буквално прегореа од огромниот број јавувања и пораки со поддршка во војната со тоа што не е како што треба во АБА. Раководството на „соколи“ вечерва ќе заземе став што и како понатаму односно какви чекори ќе бидат преземени во борбата за задржување на сопственото достоинство како и честа на Карпош Соколи.

Воедно, посебно место во дискусијата ќе заземе и казната од 12.000 евра што ја изрекоа луѓето кои го предводат „јадранското“ друштво, која е нејасна и нелогична бидејќи се санкционира клуб кој самите потврдија дека не е нивни член со објавување на листата екипи кои ќе настапат во АБА-лигата следната сезона.

Деталите за одлуките од состанокот ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.

Се вчитува...