Соколов е најблиску до Еуроникел

Дарко Соколов е без клупски ангажман по истекот на договорот со МЗТ Скопје, а искусниот бек се наоѓа многу блиску до потпис со екипата на Еуроникел. Кавадаречкиот прволигаш (до лани настапуваше под името Фени индустри) составува респектабилен состав, а во Соколов гледа како на клучно засилување на тимот што го води тренерот Горан Самарџиев.

Иако како опција се споменуваше и Работнички, сега Соколов многу посериозно ја разгледува понудата од кавадарчани, клуб за кој настапил и на еден од последните контролни натпревари. Новата сезона ќе стартува за десетина дена, доволно време за Еуроникел да го комплетира овој трансфер и Соколов да му се стави целосно на располагање на стручниот штаб.

Кавадарчани во меѓувреме решија експресно да ја прекинат соработката со Литванецот Гаидис, кој не ги оправда очекувањата на тренерот Самарџиев.

Се вчитува...