Соколов: Имам понуди на маса, но немам потпишано со никого

Дарко Соколов се уште е слободен играч по истекот на договорот со Еуро Никел. Информациите од Кавадарци говореа дека Соколов веќе ја продолжил соработката со својот лански клуб, но искусниот бек се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата.

„Имам неколку понуди на маса од заинтересирани клубови, но немам потпишано договор со ниту еден од нив. Наскоро ќе ја донесам одлуката каде ќе настапувам наредната сезона“, истакна Соколов.

Долгогодишниот репрезентативец мина една сезона во дресот на Еуро Никел, каде пристигна од таборот на МЗТ Скопје, а претходно го има носено и дресот на Карпош Соколи, Работнички, Фени Индустри, Струмица, Амак СП, Вардар…

Се вчитува...