Солари ОСТАНУВА – никој не сака да дојде во Реал

Реал Мадрид се соочува со најголемата резултатска криза во последните десетина години, но Сантијаго Солари ќе остане на чело на „кралскиот клуб“ и покрај фијаското на синоќешниот натпревар против Ајакс. Флорентино Перез се соочува со притисок бидејќи навивачите бараат негово заминување, а не на тренерот, откако тотално ја утна работата минатото лето најпрвин со неангажирањето на замена за Роналдо, а потоа и со именување на Солари за наследник на Лопетеги.

Сега ситуацијата е крајно деликатна бидејќи нема сериозен тренер што би се согласил да дојде во Мадрид и неколку месеци да го „гаси пожарот“, за потоа во текот на летото да биде сменет. Мурињо, Покетино и Алегри остануваат во игра при изборот на тренер за наредната сезона, што го остава Реал без опција за завршницата од овој шампионат, во кој трката за титулата е веќе загубена од Барселона.

Мадридските медиуми објавија дека Солари бил подготвен самиот да си поднесе оставка по поразот од Ајакс, но бил премислен токму од Флорентино, кој е свесен дека со таков развој на настаните ќе си создаде уште поголеми проблеми во наредните месеци.

Се вчитува...