Солиден настап на Цветановска на индивидуалната трка на 10 километри

Македонската натпреварувачка во крос-кантри Ана Цветановска го освои 71. место од 80. натпреварувачки кои ја завршија индивидуалната трка на 10 километри на Светското првенство во нордиски спортови кое се одржува на словенечка Планица. Македонката трката на 10 километри ја заврши со време од 31:27.8 минути што беше за 7:47 минути послабо од златната Џеси Дигинс од САД.

Американката до златниот медал стигна со време од 23:40.8 минути. Сребрениот медал и припадна на Швеѓанката, Фрида Карлсон со заостанување од 14 секунди зад времето на победничката. Бронзата и припадна на втората Швеѓанка, Ема Андерсон со 19.5 секунди зад времето на златната Дигинс.

Утре на програмата на Светското првенство на Планица е и машката индивидуална трка на 15 километри.

Се вчитува...