Македонските нордијци го имаа првиот официјален настап во крос-кантри на Светското првенство во нордиски спортови кои што се одржува во норвешки Трондхајм.
Најдобропласирана во квалификациите во спринт трката беше Ана Цветановска која настапот го заврши на 92. место од вкупно 121. нордијка што беше скоро 56 секунди поспоро од водечката по квалификациите, Швеѓанката Јона Сундлинг.
Кај мажите имавме тројца претставници. Трката ја завршија 183 нордијци, а најдобропласиран Македонец беше Ставре Јада кој заврши на 127. место со 37.24 секунди заостанување зад водечкиот Клебо од Норвешка. Дарко Дамјановски заврши на 151 позиција со заостанување од 51 секунда, додека Виктор Чакаровски го освои 168. место со 1 минута и 11 секунди заостанување зад Клебо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА