Солскјер: Импресиониран сум од Кавани, сакам да гледам како игра фудбал во Јунајтед

Единсон Кавани, сепак може да остане на „Олд Трафорд“. Кавани пристигна во Манчестер Јунајтед како слободен играч и има договор до крајот на сезоната.

Во Јунајтед се задоволни од неговите игри, а ова го потврди и тренерот Оле Гунар Солскјер.

„Можам само да кажам дека тој направи многу за нас, јас сум импресиониран од него и тој навистина добро се вклопи во тимот. Уживам да го гледам“, рече Солскјер.

34-годишниот напаѓач постигна седум гола на 24 натпревари за Јунајтед во досегашниот дел од сезоната.

„Ќе седнеме и ќе разговараме со него наскоро. Секако, сакаме да ги видиме и неговите планови“, изјави Гунар.

Кавани претходно играше за Париз, Наполи и Палермо, а сега се обидува да го докаже својот квалитет и во Англија.

Се вчитува...