Солскјер: За мене лојалноста е најважна, Јунајтед не го сака Агуеро

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги отфрли сите шпекулации кои го поврзуваат неговиот тим со фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Аргентинецот цела декада беше главен играч на градскиот ривал Манчестер сити, а летово ќе биде слободен агент откако клубот реши да не му понуди нов договор. Солшер вели дека ја цени лојалноста и Јунајтед нема да се обиде да потпише со Агуеро.

„Не очекувам дека некој фудбалер кој играл за клубот цели 10 години да сака да замине во локален ривал“, рече Солшер. „Знам дека ние сме сите професионалци, но кога играш за Манчестер јунајтед не одиш во Сити. Имавме такви примери во минатото, но навистина не се сложувам со тоа (Карлос Тевез, Питер Шмајхел). Кога играв за Манчестер јунајтед, ако ривалски клуб се обидеше да потпише со мене и заминев – тогаш каде е лојалноста? Токму лојалноста е нешто што го ценам многу“, додаде менаџерот на Јунајтед.

Се вчитува...