Солунски лакрдии: Македонија е една и е овде…

Навивачите на ПАОК го продолжија трендот на користење на европските средби на својот тим за испраќање на политички пораки, па истото беше случај и на денешниот дуел против Челси во Лигата на Европа.

На централната трибина повторно беше истакнат огромен транспарент: Македонија е една и единствена и е овде…. со јасна порака со ставот на грчките хулигани за името на нашата земја.

Ова не е прв, сигурно нема да биде ниту последен пат во Солун да се појавуваат вакви политички провокации, за кои сигурно ќе реагира и УЕФА со казна за грчкиот клуб.

Се вчитува...