Олимпијакос го нокаутираше Реал среде Мадрид и победувајќи со 3-1 во серијата се пласираше на Фајнлфор завршницата.
Во драматичен натпревар во кој Реал имаше предност од пет поени на полувремето, сепак не издржа во битката со најдобриот тим од регуларниот дел на Евролигата во второто полувреме.
Олимпијакос доминираше во второто полувреме и се стекна со предност добивајќи ја третата четвртина со 18-26, по што Реал не можеше да се врати во игра.
Фурние беше најдобар поединец кај Олимпијакос со 23 поени, а Марио Хезоња беше најдобар кај Реал со 21 поен и шест скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА