Емотивно беше синоќа во Барселона, каде Барса славеше над Бетис на последниот домашен меч за оваа сезона и уште поважно, последниот меч што „големиот Роберт Левандовски“ го одигра на теренот на „Камп Ноу“.
Полјакот беше со овации поздравен од навивачите, а и откако трибините целосно се испратија, Роберт со своето семејство и пријателите остана уште повеќе од еден час на теренот, свесен дека за последен пат е на „зелениот тепих“ од каталонскиот фудбалски храм.
Медиумите објавија дека Левандовски останал долу и по полноќ, шетајќи по различни делови од теренот, фотографирајќи се со најблиските, но и на периоди плачејќи потсетувајќи се на бројните прекрасни спомени што го има од времето минато во Барса.
La emoción de la familia Lewandowski 🥹 pic.twitter.com/99c4sNZiBx
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) May 17, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
