Сомнителен пенал носи предност на Баерн Минхен во Париз (ВИДЕО)

Од 18. минута во Париз води тимот на Баерн Минхен со голот на Хари Кејн од пенал. Ударот од белата точка беше досуден по стартот на Пачо врз Диаз. Меѓутоа прашање е дали имаше интензитет, а згора на тоа дефанзивецот на ПСЖ се чини прво ја расчисти топката.

Но, пеналот беше потврден од ВАР, па така Хари Кејн го претвори го погодок, за предност на „Баварците“. 

Претходно имаше ситуација и во шеснаесетникот на Баерн, но не беше досуден пенал.

Веднаш по голот, Олисе имаше шанса да дојде до 0-2, но домаќините преку Маркињос расчистуваа од самата гол линија.

Се вчитува...