Сон Хеунг-мин, јужнокорејскиот репрезентативец и капитен на Тотенхем донесе одлука по десет години поминати во лондоснкиот клуб ова лето да ја промени средината.
Хеунг-мин е дел од Тотенхем од 2015 година наметнувајќи се како легенда на клубот со 454 одиграни натпревари и 173 постигнати голови. Оваа одлкука доаѓа по освоениот долгоочекуван трофеј во Лига Европа.
„Одлучив да си заминам од тимот ова лето. Потребна ми е нова средина, потребна ми е мала промена. 10 години е долго време. Дојдов во северен Лондон како дете, со 23 години, така млад. Го напуштам клубот како израснат човек, многу горд човек. Дадов се што можев и на теренот и надвор од него. Со освојувањето на Лига Европа мислам дека направив се што можев и постигнав“, изјави Сон во емотивно обраќање.
Очекувањата се дека 33-годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во првенството на Соединетите американски држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

