„Сон на Мбапе е да заигра за Реал Мадрид“

Долго траат шпекулациите за премин на еден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе во редовите на Реал Мадрид, а неговиот доскорешен соиграч од ПСЖ, Хесе Родригез дополнителни ги „разгоре“ страстите со изјавата за шпанските медиуми за поврзаноста на Французинот со „кралскиот клуб“.

Покрај тоа шпанскиот интернационалец проговоре и за можноста Нејмар да се врати во Барселона…

„Сон на Мбапе е да премине во Реал, а неговиот идол отсекогаш бил Кристијано Роналдо. Мбапе интензивно го прати клубот уште од 16 години, го цени Реал и еден ден дефинитивно ќе заигра таму. Нејмар често разговара со Меси, тие имаат исклучително добар однос“, откри Родригез.

Се вчитува...