Соопштение од фановите на Тетекс: Редно е клубот да се разбуди

Фудбалскиот второлигаш Тетекс се наоѓа во „стенд-беј“ ситуација веќе подолго време, а фановите очекуваат дека конечно работите ќе се придвижат во вистинска насока. Тие се надеваат дека раководството конечно ќе се ’разбуди’ и ќе го изнајде вистинското решение. Тие испратија и соопштение до медиумите кое го објавуваме во целост.

„Фудбалскиот клуб Тетекс во својата богата клупска историја за жал со години се наоѓаа во финансиска криза. Иако не е толку црно како во минатото, но според нашите информации, Тетекс има сеуште проблеми со акциите.

Нашиот клуб не функцунира како што треба, бидејќи главниот акционер “месец дена” е во преговори со човекот кој искрено го сака клубот и изрази желба да биде новиот газда во иднина, а не само спонзор.

Организациските проблеми, односно раководствените, со кои се соочува клубот намерно не се споменати, бидејќи нив ги имаше и минатата сезона.

Сепак, се надевавме дека тие ќе бидат решени во зимската пауза и на чело на клубот ќе застане човекот кој несебично му помагаше на Тетекс во изминативе неколку месеци (заедно со уште неколку доброволни луѓе кои финансиски го помагаат клубот).

Поради нерешените проблеми сеуште не се започнати подготовките за пролетниот дел од сезоната, на играчите ниту им се имаат јавено да ги запознаат со ситуацијата во клубот, очигледно е дека аматерски се работи во Тетекс.

Неколку играчи најавуваат доколку никој не ги контактира ќе го напуштат Тетекс.

Се надеваме дека со оваа соопшение ќе разбудиме некој луѓе во Тетекс да превземаат мерки и да ги решат долгорочните проблеми еднаш засекогаш, бидејќи за нас Тетекс е нешто свето и клуб со кој секој Македонец во Тетово се иденфикува“, се вели во соопштението.

Се вчитува...