Сопругата на настраданиот поранешен кошаркар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант, Ванеса се наоѓа во навистина тешка ситуација по загинувањето на сопругот и 13-годишната ќерка. Коби и неговата ќерка Џана заедно со уште 7 лица загинаа на 26 јануари во Калифорнија. Во изјава за американските медиуми, пријатели на семејството велат дека Ванесеа не може да се соземе од шокот.
„Иако имаа многу подеми и падови, но тие беа сродни души. Гледаше во него како доживотен партнер. Потполно е скршена. Не може да доврши ниту една реченица, а да не почне да плаче. Сепак, се чини дека мора да биде силна за девојчињата. Има поддршка од сите луѓе кои ја сакаат. Не е сама“, изјави пријател на семејството Брајант.
Покрај сопругата Ванеса, Коби со смртта остави уште три ќерки. Највозрасна е Наталија која има 17 години, Бјанка има 3, а малечката Капри само седум месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА