Сопругата на Коби Брајант, Ванеса, не може да ја преболи смртта на прославениот кошаркар, кој загина во хеликоптерска несреќа заедно со нивната ќерка Џана. Ванеса денеска објави емотивна порака на својот профил на инстаграм, обвиена во тага од големата семејна трагедија.
„Колку само би сакала да го вратам времето, да минеме повторно тоа утро. Сакам тоа да беше обичен кошаркарски натпревар на Џана на 26 јанури. Животот е толку нефер, Коби по завршувањето на кариерата освои Оскар, отвори академија, беше тренер на тимот на Џана. Таа работеше напорно, како нејзиниот татко, седум дена во неделата“, се потсетува Ванеса.
Таа потенцира дека Коби бил максимално посветен на семејството по завршувањето на кариерата.
„Тој работеше напорно цели 20 години, даде се од себе за кошарката. Сега дојде време за нас, сакаше да ни даде се на мене и на ќерките, да надополни за загубеното време. Сакаше да биде присутен за секој специјален момент во животите на ќерките. А можеше да ужива само три години и девет месеци“, напиша Ванеса Брајант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА