Сопругот на Карлеуша нокаутиран во тепачка на фудбалери на сплав во Белград

Голема тепачка се случила на еден од сплавовите во Белград, во која главни актери биле поранешните српски фудбалски репрезентативци Александар Пријовиќ и Душко Тошиќ.

Пријовиќ, кој се уште игра и е член на Вестерн Јунајтед во далечната Австралија, дошол во друштво на три девојки, но веднаш штом го видел Тошиќ на сплавот тргнал кон него и тргнала жестока расправија. Тошиќ, кој е сопруг на Јелена Карлеуша, му вратил на поранешниот репрезентативен колега, по што бил нокаутиран со неколку удари во главата.

„Се се случи за неколку секунди. Тошиќ остана да лежи и не се мрдаше некое време. Беше класичен нокаут“, изјави еден од сведоците на тепачката за српските медиуми.

Неофицијално, Пријовиќ бил бесен на Тошиќ бидејќи тој му расипал трансфер пред неколку години. Тогаш му испратил порака дека при првото наредно гледање ќе го претепа, ветување што голгетерот очигледно викендов и го исполнил.

Се вчитува...