Сопственикот на Далас верува дека НБА лигата ќе продолжи во мај

Пандемијата на коронавирусот ја запре и НБА лигата, нешто слично како и сите спортови ширум светот. Но, поголемиот дел од спортските работници во САД веруваат дека натпреварите ќе продолжат во месец мај.

„Тоа што најмногу не плаши е тоа што во моментов никој нема точни информации за коронавирусот. Но, јас искрено верувам дека до средината на мај ќе имаме добра ситуација и дека НБА лигата ќе продолжи со натпревари, па ќе ја завршиме и сезоната со едномесечно оддолжување“ – вели сопственикот на Далас, Марк Кубан.

Се вчитува...