Сопственикот на Хјустон отпушти 45.000 работници: „Морав….“

Повеќе од 10 милиони лица добија отказ изминатиов месец во САД поради пандемијата со коронавирусот. И сопственикот на Хјустон рокетс, Тилман Фертита се одлучи да отпушти 45.000 работници не можејќи да го издржи падот на приходите.

Ферати е тежок 4,6 милијарда долари, се работи за 414-от најбогат човек во светот, сопственик на ресторантската корпорација Лондри, поседува повеќе од 400 ресторани во САД и светот.

„Ја минав кризата во 1987, во 2000 и во 2008 година. Им правите на луѓето услуга ако најпрво ги насмеете, а потоа ги ставите на листата незапослени откако ќе им дадете отпремнина“ – вели Фертита.

Многумина го осудија потегот на Фертита, посебно затоа што е 414-ти најбогат човек во светот. Но, тој вели дека немал избор.

„Тоа е тоа што луѓето не го разбираат. Ние сите плаќаме денес, вчерашните сметки со денешните пари. Ние се затворивме во рок од 48 часа, но уште мора да ги исплатуваме платите и отпремнината, а тоа е 100 милиони долари. Годишно даваме дури 1,5 милијарда долари само на плата. Мислам дека сето ова ќе заврши во мај и ќе продолжиме со нормалниот живот“ – вели Фертита, кој избра 45.000 лица, но не се одлучи на намалување на платите на кошаркарите на Хјустон.

Се вчитува...