Сопствениците на Формула 1 го купија и Мото ГП

Мото ГП шампионатот од денеска и официјално има нови сопственици. Станува збор за компанијата „Либерти медија“ која веќе со години го предводи шампионатот на Формула 1.

Проценките се дека договорот помеѓу „Либерти медија“ и сопственикот на комерцијалните права за Светскиот шампионат во мотоциклизам „Дорна Спортс“ е во вредност од четири милијарди долари.

„Дорна Спортс“ ќе остане независно тело во „Либерти медија“ и ќе продолжи да го контролира шампионатот на чело со Кармело Еспелета.

„Ова е совршен следен чекор во еволуцијата на шампионатот во Мото ГП и ние сме возбудени за тоа што им носи на Дорна, љубителите на падокот на Мото ГП и мотоциклизмот. Горди сме на глобалниот спорт што го имаме изградено, и оваа трансакција ја почитува вредноста на спортот денес и неговиот потенцијал за раст. Либерти има неверојатно влијание врз развојот на спортот, а подобар партнер не можевме да замислиме“, изјави Еспалета.

Се вчитува...