Сосиедад „гази“ кон ЛШ, Селта кон опстанок

Реал Сосиедад со победата над Алмерија, направи сериозна разлика на четвртото место, кое носи во групната фаза во ЛШ следната сезона. Сосеидад славеше минимално со 1-0 благодарение на голот на Кубо во судиското надополнување од првиот дел.

Сега тимот од Сан Себатијан има осум бодови предност пред Вилјареал на две кола до крајот, но „жолтата подморница“ има уште три натпревари за играње до крајот на сезоната.

Селта Виго одигра 1:1 против Жирона, и се доближи до опстанокот. Тимот од Виго да победеше, сега ќе беше опстанат, но вака ќе мора во последните две кола да го брка останувањето во Ла Лига.

Перез во 42. минута го доведе тимот на Селта во предност, а Стуани во 59. минута израмни од пенал. До крајот на мечот и двата тима промашија убави шанси за победа. Жирона, пак, пропушти можност да го преземе седмото место кое носи во Лигата на конференции.

Се вчитува...