Сосиедад пазари дефанзивец од Реал Мадрид

Диего Љоренте е нов играч на Реал Сосиедад. Клубот го договори 23-годишниот одбранбен играч на Реал Мадрид за сума од осум милиони евра, а стави потпис на петгодишен договор.

Љоренте минатата сезона беше позајмен на Малага, каде имаше одлични настапи. Фудбалерот потекнува од академијата на Реал, во кариерата ги помина категориите Ц и Б на „кралскиот“ клуб. За првиот тим на Реал има само еден настап, шансата му ја пружи Жозе Мурињо во сезоната 2012/13.

„Сметам дека имам доволно искуство за посериозни предизвици. Среќен сум што потпишав за овој клуб. Кога дознав дека Сосиедад се интересира за мене, не размислував два пати, и мислам дека донесов многу добра одлука“, истакна Љоренте.

За неговите услуги се интересираше и Евертон, но Љоренте одлучи кариерата да ја продолжи во Примера. Моментално ги обавува обврските со младата репрезентација на Шпанија, каде на ЕП за фудбалери до 21 година во Полска, се пласира во полуфиналето, а таму ќе ги пречека националниот состав на Италија.

Се вчитува...