Состанок за ЛОИ: Јапонците ќе го убедуваат ИОК игрите да се одржат

Организацискиот одбор на Летните олиписки игри во Токио како и претставниците на јапонската влада и натаму се на ставот дека ЛОИ предвидени за јули и за август претстојово лето треба да се одржат според планот, во предвидениот термин и со публика.

„Комплетни Олимписки игри, тоа ни е целта, ќе направиме се за да бидеме подготвени и Интернационалниот олимписки комитет ќе биде уверен дека сме спосбни да го организираме настанот“ – велат од јапонската влада.

Во текот на денов, претседателот на ИОК, Томас Бах, ќе одржи конференциска врска со лидерите на најголемите спортски организации за да договорат следни чекори околу одржувањето на Игрите.

Се вчитува...